Македонија
Пелистер се испоти, но дојде до целиот плен на пресметката во Кавадарци

Екипата на Еурофарм Пелистер успеа да дојде до посакуваниот триумф над Тиквеш (22-21) во последниот меч од 7. коло во плејофот во Суперлигата.
Гостите од Битола беа свесни за киксот кој вчера Вардар го направи против Алкалоид и затоа вечерва имаа една единствена цел, да дојдат до целиот плен во Кавадарци. Домаќините уште еднаш покажаа дека се супер незгоден противник кога играат пред своите поддржувачи, навивачката група „Лозари“ и максимално се бореа низ сите 60 минути, но тоа не се покажа како доволно за изненадување против фаворитот.
Првото полувреме се заврши со 11-10 за Пелистер, борба која продолжи и по паузата се до самата завршница во која битолчани дојдоа и до плус три по што стана јасно дека бодовите ќе завршат кај актуелниот македонски вицешампион.
Хененберг ја предводеше листата на стрелци во победничката екипа со 7 голови, Хосни постигна 4. Кај домашните, Симиќ постигна 8 голови и беше најпрецизен на теренот.
Во првиот меч Охрид го реши Бутел со 28-19.
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 22 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 21 час
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 20 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Италијапред 21 час
Наполи ќе го менува Гарсија со друг француски тренер