Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер прифати да игра во АБА2 лигата, а се засили и со македонски репрезентативец

Објавено

на

Екипата на Пелистер ќе биде дел од АБА2 лигата во новата натпреварувачка кампања.

Клубот од Битола ја прифати поканата на јадранската лига за настап во второто по ранг натпреварување со што ќе стане четвртата екипа од Македонија која настапила по истата по АВ Охрид, МЗТ Скопје и Работнички.

Кога е во прашање Пелистер треба да се каже дека овој тим го доби потписот на репрезентативецот Љубомир Младеновски.

Центарот имаше понуди како од Македонија така и од странсто за да на крајот пресечи и се пресели во составот кој е предводен од Марјан Илиевски. Младеновски заедно со Кесар и Трајковски дефинитивно ќе бидат главни адути на битолчани во борбата под кошевите.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни