Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер преубедлив на пресметката со ТФТ

Објавено

на

Актуелниот лидер во македонското кошаркарско првенство, екипата на Пелистер денеска славеше со убедливи 104:68 во дуелот со ТФТ, кој требаше да биде дерби.

Заостаната средба од првата фаза им припадна на домаќините, иако битолчани беа ослабени поради неиграњето на Трајковски и Силаѓи.

Пелистер постојано ја градеше предноста и рутински ја одржуваше, а со најубедливиот последен период, на крајот стигна до неочекувано висока победа со резултат 104:68.

Кесар со 27 и Малешевиќ со 22 поени биле најефикасни во домашниот состав, додека кај ТФТ Смит и Хортон реализираа по 14 поени.

Со 21 одигран натпревар Пелистер е на првото место со ефект 16-5, додека ТФТ досега одигра две средби помалку и има учинок 12-7.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни