Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер пресилен за вториот тим на МЗТ

Објавено

на

Пелистер го задржува перфектниот скор и по седмото коло во македонското кошаркарско првенство, а денеска го совлада вториот тим на МЗТ во Скопје (68:96).

МЗТ Скопје Уни Банка парираше во првиот период кој заврши со резултат 20:23, а до крајот на полувремето битолчани веќе имаа двоцифрена предност.

По паузата, Пелистер одлучи да ги разреши сите дилеми околу епилогот, па дополнително ја зголеми позитивата, потврдувајќи ја очекуваната победа со резултат 68:96.

Малешевиќ со 17 и Хотон со 15 поени биле најефикасни кај победникот, додека Ренсом со 16 поени го предводел вториот тим на МЗТ.

Пелистер се зацврсти на првото место со седум победи од седум натпревари, а МЗТ Скопје Уни Банка останува на само една победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни