Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пелистер поразен во Лисабон, лоши вести стигнаа од Париз!

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа седмиот пораз на единаесеттиот натпревар во Лигата на шампионите и тоа во Лисабон каде беа надиграни од домаќинот Спортинг со 30:24.

„Зелено-белите“ одиграа рамноправно прво полувреме и на пауза заминаа со еден гол негатива (14-13). Македонскиот првак беше максимално конкурентен и на почетокот на вториот дел до 17-17, резултат по кој домаќините направија серија од 4-0 и создадоа предност која потоа ја одржуваа и дојдоа до седмо славје во групата А.

Најефикасен кај Пелистер беше македонскиот репрезентативец Кузмановски со шест погодоци, пет пак постигна Хосни.

Инаку за клубот од Битола лоши вести дојдоа до Париз каде Висла Плоцк направи големо изенадување и го доби домаќинот со 31:28.

Сега полскиот претставник има шест бода исто како Пелистер, ама е подобар во меѓусебните дуели и затоа е на шестата позиција која води во нокаут фазата.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни