Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер подобар во драматичниот финиш против МЗТ Скопје

Објавено

на

Пелистер не дозволи втор пораз по ред во финалната серија од плејофот на македонското кошаркарско првенство и ја задржа неизвесноста во дуелот со МЗТ Скопје (82:79).

Битолчани први направија посериозна предност, на полувреме имаа плус осум, но последниот период започна со резултат 51:51, што беше најава за драматичен финиш.

Таквата најава се реализираше, МЗТ имаше шанса и да победи во завршницата, но Пелистер ја задржа неизвесноста со обезбедени пет минути продолжение.

Во истото, Пелистер се снајде подобро и на крајот победи со 82:79, па го израмни резултатот во финалето на 1:1.

Малешевиќ со 20 и Кесар со 15 поени беа најдобри реализатори кај Пелистер, додека во редовите на МЗТ, Војдан Стојановски реализираше 16 поени, додека зад него остана Ајви со 14 поени.

Третиот натпревар од серијате се игра во вторник во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни