Македонија
Пелистер останува перфектен и по дербито со МЗТ Скопје

Пелистер ја продолжи перфектната серија во македонското кошаркарско првенство, победувајќи го во дербито големиот ривал МЗТ Скопје со 88:85.
Битолскиот прволигаш ја забележа осмата победа во неизвесна завршница која беше и очекувана во дуелот на две квалитетни екипи, а влегоа со подеднакви амбиции за освојување на бодовите.
МЗТ го доби првиот период со 29:25, возвратија домаќините за само минус еден на полувреме, а Пелистер го потврди својот квалитет во третиот период во кој стигна и до плус 12, за да влезе во завршните десет минути со предност од седум поени.
На половина период, Пелистер водеше со 85:72, по што следуваше фантастична серија на МЗТ кој успеа да дојде до 85:85 на 55 секунди до крајот. Калахан реализираше два поена за предност на домаќините, а по промашувањето на МЗТ, следуваа слободни фрлања за Малешевиќ, кој реализираше едно, постигнувајќи ги конечните 88:85.
Кесар со 27 и Малешевиќ со 22 поени беа најефикасни во победничката екипа која има учинок осум од осум, додека кај МЗТ, Олуџоби постигна дури 38 поени, но не беше прецизен во нападот во кој МЗТ бркаше израмнување во финишот.
За разлика од Пелистер, МЗТ досега одигра шест натпревари и има три победи и три порази.

- Англијапред 13 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 10 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Шпанијапред 23 часа
Играчот за врска на Севилја ја презентираше најпродуктивната техника за справување со Меси (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Искусниот стопер на Валенсија се расплака откако го прашаа какви чувства буди борбата за опстанок (Видео)
- Италијапред 14 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Италијапред 8 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Англијапред 12 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 22 часа
Одбрана на сезоната во Премиер лигата: Дубравка со вонсериски рефлекс во 92. минута го спаси Њукасл (Видео)