Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер одигра една очајна четвртина и си „потпиша“ пораз во Сомбор

Објавено

на

Третиот пораз во низа значително ги намалува шансите за пласман во следната фаза на АБА2 лигата, но тимот на Пелистер се уште има математики и мотив за игра, без разлика на вториот неуспех со тимот на Џокер.

Откако пред две недели загуби на домашен терен, македонскиот претставник денеска беше неуспешен и на гостувањето во Сомбор, пред се поради очајниот влез во вториот дел.

Битолчани одиграа ужасна трета четвртина во која постигнаа само девет поени, а домаќинот направи огромна разлика во овој период и практично ја обезбеди победата.

Џокер направи речиси 20 поени разлика само во овие десет минути (27:9) и си го трасираше патот до победата, која на крајот беше изразена со резултат 93:84.

Српскиот тим има максимален учинок и со четири победи е на прв на табелата, додека Пелистер со една победа и три порази е на третото место во својата група.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни