АБА лига
Пелистер одигра брилијатна последна четвртина и запиша трета победа во АБА2

Пелистер ја запиша третата победа во четвртата рунда во АБА2 лигата, прва по воведниот турнир во ова натпреварување во кое славеа над ТФТ и Шенќур.
Осијек важеше за сериозен предизвик уште пред почетокот на мечот и тоа се исполни на теренот, но македонскиот тим успеа да покаже квалитет во одлучувачките моменти и направи пресудна разлика во четвртата четвртина.
Пелистер влезе со негатива од три поени во последниот период, но во последните 10 минути одигра брутално добра кошарка и го принуди противникот да избрзува и да шутира од неизградени позиции.
Битолчани славеа во овој период со 23:8 и сосема заслужено стигнаа до нови бодови во АБА2 лигата, во која сега се на шестото место на табелата.
Сеад Хаџифејзовиќ со 20 поени беше најдобар во редовите на Пелистер, одличен беше и Димитар Караџовски со 17 поени, а одличен на двете страни беше и Недим Мустафица со дабл-дабл од 14 поени и 10 скокови.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Македонијапред 20 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 14 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар