Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пелистер немоќен против „лисиците“ од Берлин

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го доживеа вториот пораз во Лигата на шампионите, прв на домашен терен и тоа од бундеслигашот Фуксе Берлин кој славеше во Битола со 30:22.

Пелистер се прикажано во добро светло минатата седмица во соочувањето со ПСЖ во Франција, па воден од таа енергија, издание во клубот се надеваа дека ќе можат соодветно да му парираат на германскиот прволигаш.

Меѓутоа и покрај поддршка од публиката во салата „Боро Чурлевски“, шанса за изненадување немаше, „лисиците“ покажаа дека се далеку на повисико ниво и со едно моќно полувреме го решија прашањето околу победникот. Гостите го решија првиот дел со 15:9 и потоа немаа никакви проблеми во продолжението, имаа максимална контрола на резултатот и заслужено ја запишаа првата победа во елитното натпреварување.

Радивојевиќ со пет гола беше прв стрелец кај „фармацевтите“, Андерсон го предводеше пак победникот со седум реализации.

Во третото коло составот од Битола му гостува на Динамо Букурешт.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни