Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер немаше сили за поволен резултат против Подгорица

Објавено

на

Лидерот во првата македонска кошаркарска лига Пелистер претрпе пораз од Подгорица од 79-67 во третиот натпревар во „балонот“ во Бања Лука во АБА2лигата.

Македонскиот претставник имаше лош почеток на средбата и потоа постојано го бркаше водството на противникот, во одреден период беше многу блиску до него, но Подгорица секогаш наоѓаше начин одново да се одлепи и на крајот да дојде до триумф со кој ги задржа шансите за место во Топ 8.

Битолчани немаа доволно расположени играчи во својот табор, Малешевиќ со 17 беше најдобар стрелец, меѓутоа потфли Кесар кој даде само 3 и го заврши предвреме дуелот поради 5 лични грешки.

Ковачевиќ пак со 18 поени беше број еден кај клубот од Црна Гора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни