Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер не успеа да го изненади Хелиос (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер не успеаа да направат изненадување и загубија од Хелиос Домжале со 85-81 во вториот меч во „балонот“ во Широки Бријег.

Средбата беше незвесна, решаваа нијанси кои беа на страната на словенечкиот претставник кој на овој начин ја продолжи победничката серија во АБА2 лигата и во моментов е на првото место на табелата пред МЗТ Скопје и Борац Бања Лука.

Махковиќ со 32 поени, 7 скока, 4 асистенции и 4 украдени топки беше најдобар кај Хелиос, додека кај битолчани прво име беше Малешевиќ со 18 поени и 8 скока.

Пелистер во следната рунда се соочува со екипаѕа на Спарс Сараево.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни