Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер не реализираше шут за победа и ја загуби драмата во Нови Сад

Објавено

на

Foto:twitter.com/ABA_League2

Пелистер пропушти голема шанса да има перфектен турнир во Нови Сад и да ја забележи третата победа во низа во АБА2 лигата, откако ова попладне во трилер завршница загуби од Сутјеска.

Македонскиот претставник успеа да се опорави од катастрофалниот влез во мечот во кој Сутјеска поведе со неверојатни 14:0, па иако битолчани го обелија својот образ, за жал загубија на доста болен начин, со промашен шут во последниот напад.

Пелистер се стабилизираше и веќе на полувреме беше до достижна негатива од 45:41:, за потоа во последните три минути од мечот да влезе и со предност, кој беше прва на натпреварот.

„Зелено-белите“ поведоа со 73:74 и стана јасно дека ќе гледаме драма во завршните секунди, кои иако им припаднаа на битолчани, за жал Американецот Најт беше непрецизен во обидот да донесе победа за Пелистер.

На крајот, Сутјеска победи со 79:78 и стигна до четврти триумф во АБА2 лигата, а исто толку има и Пелистер како осмопласиран на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни