Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер најави експресно враќање во елитата со две прволигашки засилувања (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/FC.PelisterBitola

Пелистер имаше очајна сезона во Првата македонската фудбалска лига и испадна во понизок ранг, но планот на битолчани е експресно да се вратат во елитата и да не останат долго во Втората лига.

Доказ за тоа се првите чекори кои се преземаат по крајот на сезоната, односно ангажманите на прволигашки играчи кои се согласија да играат во Втора лига поради амбициозниот проект на „зелените“.

– ФК Пелистер веќе ги договори првите засилувања со прволигашки играчи како што и најавуваше, а тоа се Благоја Љамчевски кој доаѓа од редовите на прволигашот ФК Тиквеш, играч кој во Првата лига настапува од 2008 година.

– Второто засилување е голманот Илче Петровски кој доаѓа од редовите на прволигашот ФК Брегалница, а има настапувано за повеќе прволигашки екипи и има меѓународно искуство во екипите на Омониа, Бихач, Кастриоти и Поградеци.

– Овие две прволигашки засилување сметаме дека многу ќе допринесат за експресно враќање во Првата Македонска лига. Ќе има уште неколку засилувања од играчи со прволигашки статус со кои се преговара во моментот, – објави Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни