Македонија
Пелистер лесно се справи со Вардар, Кожув подобар од Шкупи
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/12/pelister-tajm-aut.jpg)
Екипите на Пелистер и Кожув остварија победи на првите два натпревари од денешната програма во Првата кошаркарска лига.
Пелистер на гостувањето во Скопје го доби Вардар со 90:59. Фаворитот рутински се справи со „црвено-црните“, предноста ја градеше од четвртина во четвртина за конечни на крајот плус 31.
Ташовски и Бојиќ беа во прв план со дабл-дабл учиноци, Виктор имаше 19 поени и 10 асистенции, Андрија пак 16 кошеви и 11 скокови. Бајрам за вардарци реализираше 17 поени.
Кожув пак исто како гостин триумфираше во главниот град и тоа против Шкупи со резултат 81:68. Ова за составот од Гевгелија беш шесто сезонско славје, а до истото ги предводеше Пилепиќ со 26 поени.
Кај поразените Златевски беше автор на 14 кошеви.
-
Шпанија24 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
Англија14 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
АТП5 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија15 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер
-
Шпанија15 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)