Македонија
Пелистер лесно се справи со Струга, Металург шокиран од Тинекс Пролет на стартот на плејофот

Стартот на плејофот во македонската ракометна Суперлига ни донесе три натпревари, од кои на два играа фаворитите кои половично си ја завршија својата задача во воведната рунда.
Еурофарм Пелистер наиде на доста отпор од Струга во првото полувреме, но сепак гостите немаа што да бараат во Битола и на крајот претрпеа висок и очекуван пораз од 28:18.
Македонскиот претставник во Лигата на Европа беше предводен од Периќ со осум погодоци, Граџан постигна три помалку, а во поразениот тим, Ракочија постигна седум во мрежата на домаќинот.
На вториот меч на програмата, Тинекс Пролет направи големо изненадување и го шокираше Металург, тим кој по ремито со Адемар Леон, денеска одново разочара со својата игра.
Домашниот тим ја најави сензацијата уште во првото полувреме кое го доби со 16:12, во вториот дел стигна и до максимални плус осум, а на крајот славеше со конечни 29:26.
На преостанатите две средби кои се играа денеска, Бутел го победи Охрид во плејофот со 26:22, додека во плејаутот, Голден Арт КЛ7 славеше на гостувањето кај Прилеп со 31:33.

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 23 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 23 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Англијапред 19 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата
- Англијапред 19 часа
Англиски новинар го сумираше фудбалскиот хаос со шега на сметка на Манчестер Јунајтед