Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер лесно го освои Кавадарци и запиша премиерна победа

Објавено

на

Премиерните натпревари во Првата македонската кошаркарска лига донесоа очекувани резултати, а во тој стил се продолжи и на вториот натпреварувачки ден.

Пелистер како еден од кандидатите за највисок пласман успеа да го освои Кавадарци и да слави над Тиквеш со резултат 84:96, па битолчани ја оправдаа фаворитската улога и ја запишаа првата победа во новиот шампионат.

Гостите од Битола го контролираа мечот во текот на сите четири четвртини и не му дозволи на домаќинот да се понадева на изненадување, а конечните 84:96 укажуваат само на рутинското издание кое го имаше актуелниот вицешампион.

Денеска на програмата беа уште два натпревари во Првата лига, а Чаир беше единствениот тим кој успеа да го одбрани домашниот терен.

Скопскиот тим славеше над Кожув со 99:79, додека Гостивар како гостин го победи Вардар со 70:76.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни