Поврзете се со нас

Европски купови

Пелистер ја загуби драмата со ГОГ Гудме во Данска

Објавено

на

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со несреќен пораз од ГОГ Гудме од 30-29 го започнаа настапот во Лигата на Европа.

Македонскиот претставник одигра квалитетно, борбено низ сите 60 минути на средбата во Данска, но финишот им припадна на домаќините и тоа благодарение на ветеранот, 46-годишниот Андреасен кој имаше неколку добри одбрани кога беше најпотребно.

Првиот дел заврши без победник 14-14, неизвесно беше и во вториот дел во кој Пелистер имаше и плус два, меѓутоа ракометарите на ГОГ Гудме го имаа последниот збор, имаа и повеќе среќа и дојдоа до победа на вечерашниот натпревар.

Мандалиниќ со 11 голови беше прв стрелец, Кушан даде 8, додека голманот Трајковски имаше 11 одбрани.

Кај домаќините лидер беше Јакобсен погоди 9 пати во мрежата на клубот од Битола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни