Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер ја прекина победничката серија на Феникс

Објавено

на

Тимот на Пелистер славеше над Феникс 2010 со 71:67 во првата средба од денешната програма во најсилната домашна кошаркарска конкуренција.

Битолчани имаа доста проблеми со гостите од Скопје, ама на крајот пронајдоа решение и се изборија за 12. триумф во 17. натпревар во Првата лига. Избраниците на Дервишевиќ беа одлични во првите десет минути кои ги реализираа со 22-10, резултат кој го натера домаќинот да се разбуди во продолжението.

Пелистер до паузата дојде до минус шест (31-37), а веќе по 30 минуту водеше со 54:52. Беше интересно и возбудливо во завршниот период во кој четата Радуловиќ се обидуваше да се одлепи и влезе во помирни води, Феникс одговараше меѓутоа сепак по 40 минути мораше да му честита на противникот да победата.

Планиниќ со 21 и Маслинко со 15 поени беа први стрелци кај Пелистер, Џоунс со 24 се издвои на спротивната страна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни