Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер ја отвори сезоната со дерби победа над МЗТ Скопје

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер имаа посакуван старт на сезоната, победувајќи го големиот ривал МЗТ Скопје (82:79) во првото коло од новат сезона во најквалитетната македонска кошаркарска лига.

Двете екипи се погрижија за неизвесен натпревар во Битола, домаќините го добија првиот период со плус три, но на полувреме МЗТ имаше поен предност.

Гостите од Скопје го добија третиот период со 20:22, со што најавија дека докрај ќе се борат за прва победа, но Пелистер направи плус пет на половина од решавачкиот период, а на 2:25 минути до крајот стигна до предност 78:71, која беше преголем залак за МЗТ.

Иако скопскиот тим успеа да ја намали предноста во финишот, Пелистер ја прослави победата со резултат 82:79.

Стајиќ со 23 и Кесар со 16 поени беа најефикасни кај Пелистер, додека во редовите на МЗТ, Дејвис постигна 21, а Милошевиќ 17 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни