Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер ја искористи репрезентативната пауза за да се засили со српски напаѓач (Фото)

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/FC.PelisterBitola

Пелистер освои четири бода во првите четири рунди во Првата македонска фудбалска лига, но оваа репрезентативна пауза ја искористи за дополнително да го засили тимот.

Битолскиот клуб има за цел да прекине со трендот на испаѓање и враќање во елитата и планира да го задрши прволигашкиот статус, а за да се случи тоа, потребно е да има повеќе решенија и солуции на сите позиции на теренот.

Гордоста од Битола денеска се пофали дека засилување за првиот тим до крајот на сезоната ќе биде српскиот напаѓач Александар Катаниќ, 29-годишен фудбалер кој последно настапувал на Малта.

За оние кои редовно го следат мак-фудбалот добро познато е дека Катаниќ беше дел од Првата лига пред две сезони, кога Србинот беше дел од составот на Силекс.

Ова ќе биде второ искуство за него во Македонија, а целта повторно ќе биде да се обезбеди опстанок во најсилното друштво.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни