Поврзете се со нас

Европски купови

Пелистер ја доби првата битка против Татабања во Битола

Објавено

на

Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа победа над Татабања од 21-19 во првиот од двата закажани меча во Битола во рамките на Лигата на Европа

Ова беше средба која беше неизвесна, решаваа нијанси, моменти кои денеска беа на страна на избраниците на Жељко Бабиќ. Како во првото, така и во второто полувреме беше тесно, па така македонскиот претставник на пауза замина со 11-10 за да потоа подобар старт имаат гостите од Унгарија кои одреден период во неколку наврати водеа со плус еден.

Сепак „фармацевтите“ направија серија од 4-0 и поведоа со 20-17, предност која потоа ја одбранија за втора победа во низа и вкупно втора во ова натпреварување.

Кушан со 6 гола беше прв стрелец, 5 даде Мандалиниќ, а пак 4 додаде Мараш. На спротивната страна број еден беше Ѓер с0 6 погодоци.

Истите овие ривали веќе утре од 17 часот ќе имаат нова пресметка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни