Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер ја доби и втората битка со Работнички: Битолчани триумфално се вратија од „Кале“

Објавено

на

foto: druga.aba-liga.com

Пелистер ја запиша и втората победа во 2023-та година во домашното првенство, славејќи во нов дерби меч кој го имаа на програмата по оној против Гостивар.

Битолчани денеска беа гости во Скопје и ја добија и втората битка со играчите на Работнички, кои денеска сепак мораа да го положат своето оружје на „Кале“.

Пелистер максимално профитираше од агресивниот старт и поведе со 16 поени разлика, но иако ова беше најава за убедлив триумф, Работнички се консолидираше и успеа да се избори за егал завршница.

Домашниот тим дојде до 64:66 на крајот од третата четвртина, но кога требаше најмногу да притисне, следеше нов огромен пад и нова двоцифрена предност за гостите.

Ова беше почеток на крајот за „центарци“, кои на крајот загубија со 79:88 и го претрпеа вториот пораз од истиот ривал оваа натпреварувачка сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни