Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер испорача „40-ка“ на дебито на Алонсо во Суперлигата

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Шпанскиот стратег, Раул Алонсо имаше успешно деби како предводник на Еурофарм Пелистер кога е во прашање Суперлигата, поточно домашната ракометна сцена.

„Зелено-белите“ покажаа сила, моќ и го разбија Тиквеш со 40-23 на соочувањето во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Домаќините водеа со 18:13 по првото полувреме за да во вториот дел таа предност продолжи да расте за конечни на крајот плус 17.

Ова за актуелниот првак беше десетти триумф во дванаесеттиот лигашки натпревар во кампањата 2024/2025.

На остаантите дуели Охрид немаше проблеми со Радовиш (43:21), додека Бисинов и Бутел славеа над Струга, односно Куманово, без победник одиграа Пролет и Прилеп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни