Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер „испорача“ 110 поени за петта победа во шампионатот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/p/КК-Пелистер-Битола

Кошаркарите на Пелистер го одбранија домашниот терен и славеа над Феникс 2010 со 110:93 во првата средба од шестото коло во Првата „Мтел“ лига.

Двата тима си поделија по две четвртини во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, но избраниците на Петровиќ беа далеку поефикасни во своите „минути“, па така во вториот и четвртиот период уфрлија дури 65 поени.

Ова за зелено-белите беше петто славје во шампионатот за кое најзаслужен беше Мишковиќ со дабл-дабл учинок од 30 поени и 13 скока, плус 7 асистенции. Антоан беше втор стрелец со 18, додека Стојановски застана на 15 кошеви.

Кај поразените Митревски заврши со 18 поени и 6 асистенции.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни