Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер и Вардар си поделија по едно полувреме на големото дерби, Гостивар одново е лидер во ВМФЛ

Објавено

на

Пелистер и Вардар во супер возбудлив натпревар (2-2) ги поделија бодовите во дербито на 14. коло во Втората македонска лига.

Во одлична атмосфера на стадионот во Битола на кој присутни беа двете навивачки групи „Чкембари“ и „Комити“ двата тима си добија по едно полувреме, а тоа донесе по еден поен на нивните бодовни салда.

Домаќините водеа со 2-0 по првите 45 минути со погодоците на Никола Наумоски и Борче Маневски, но по паузата скопскиот тим беше мно гу подобар и преку Симеон Христов и Кире Маркоски дојде до 2-2 за да во финишот Дарко Мицевски ја погоди и рамката од голот на Пелистер.

Гостивар го искористи овој резултат и со триумфот над Борец од 2-0 дојде до лидерската позиција на табелата. Детонит Плачковица и Воска Спорт пак одиграа 1-1.

Резултати:

Пелистер – Вардар 2-2

Арсими – Беласица 2-0

Борец – Гостивар 0-2

Детонит – Воска спорт 1-1

Караорман – Беса 0-0

Кожуф – Тетекс 3-0

Локомотива – Каменица Саса 2-1

Охрид – Слога Виница 2-0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни