Македонија
Пелистер и Гостивар го потврдија статусот на фаворити, Еуро Никел со голем пресврт до славје во Куманово

Екипата на Еуро Никел славеше над Куманово со 79-78 и ја спаси честа на гостите во денешните мечеви од првата македонска кошаркарска лигата.
Гостите од Кавадарци губеа со 10 разлика (71-61) на 8 минути до крајот, меѓутоа избраниците на Самарџиев покажаа карактер, борбеност, одиграа фантастично на двете страни на теренот и се изборија за пресврт и осмо сезонско славје.
Рикиќ со 25 поени беше прв стрелец, Соколов додаде 16, а Мијатовиќ 13 кошеви. Кај кумановци Ливингстон реализираше дабл-дабл учинок од 18 кошеви и 10 асистенции.
Пелистер и Гостивар ја оправдаа улогата на фаворити, првите славеа во својот дом над ФМП Академија со 100-72, втортите во Струга го добија Црн Дрим со 83-72.

- Италијапред 16 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 16 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 14 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 15 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 15 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 16 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 12 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 16 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)