Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер и Детонит Плачковица се израдуваа на нови победи во ВМФП

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FC.PelisterBitola

Амбициозните Пелистер и Детонит Плачковица забележаа победи на средбите од 13. коло во Втората македонска лига.

Пелистер во својот дом го разби Башкими со 4-0 и тоа со по два гола во двете полувремиња кои беа дело на Спиркоски, Христов, Јошески и Размоски.

Со ова битолчани остануваат на третата позиција зад Детонит Плачковица која денеска го доби Охрид со погодокот на Бабунски и зад Беса која денеска не го одигра дуелот против Скопје поради лошите временски услови.

Резултати:

Пелистер – Башкими 4-0
Караорман – Новаци 1-3
Арсими – Победа 8-1
Детонит Плачковица – Охрид 1-0
Кожуф – Каменица Саса 3-2
Вардар Неготино – Беласица 1-0

ОДЛОЖЕНИ
Скопје – Осогово (27.11. – 13 ч.)
Беса – Тетекс (27.11. – 13 ч.)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни