Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го „врза“ Мандалиниќ до 2022. година

Објавено

на

Еурофарм Пелистер направи голем потег со ангажманот на Стипе Мандалиниќ од Фуксе Берлинг, а откако стана јасно дека Хрватот е еден од најдобрите ракометари на македонската ракометна сцена во овој момент, клубот од Битола експресно реагираше и го награди со предновогодишен подарок.

Пелистер ова попладне ја информираше јавноста дека Стипе Мандалиниќ ставил потпис на нов договор, според кој тој ќе остане во Битола најмалку до 2022-ра година.

– РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека ракометарот Стипе Мандалиниќ го продолжи договорот со клубот до јуни 2022 година. На половина од неговата прва сезона во Битола, Мандалиниќ и клубот во перфектна согласност дојдоа до продолжување на соработката и за сезоната 2021/22.

– Мандалиниќ се наметна со својот капацитет, квалитет и харизма и по шест официјални натпревари беше најдобар стрелец на Еурофарм Пелистер оваа есен. Одигра 21 натпревар за екипата и веднаш стана миленик на битолските љубители на ракометот. На Струшкиот турнир во август беше прогласен за најдобар ракометар.

– Во Стипе Мандалиниќ го добивме точно тоа што ни беше потребно – лидер на теренот и надвор од него. Продолжувањето на договорот е од големо значење за нас како клуб и тоа првиот чекор кон градење на уште подобар тим за следната сезона. Задоволни сме што и Стипе се чувствува добро во Битола и верува во нашиот проект кој е на повисоко ниво секоја година, – изјави спортскиот директор на клубот, Димитар Митревски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни