АБА лига
Пелистер го упропасти извонредниот старт со една лоша четвртина и претрпе пораз од Војводина

Пелистер го претрпе вториот пораз во новата сезона во АБА2 лигата, а за овој навистина има зошто да се жали, особено поради неверојатниот старт на мечот кој го имаше нашиот претставник.
Битолчани беа извонредни во првите 10 минути и брзо се стекнаа со двоцифрена предност (20:7), но добриот старт за жал не беше доволен за победа над српскиот ривал Војводина.
Пелистер одржуваше предност и во втората четвртина и на полувреме замина со предност од 37:34, меѓутоа потоа следеше огромен пад во третиот период, кој всушност го одреди победникот на денешниот меч.
Војводина ги доби овие десет минути со 26:11 и го сврте мечот во своја полза, што беше дефинитивен удар за битолскиот тим и покрај желбата за враќање во завршницата.
Пелистер го доби последниот период со 16:14, но тоа беше доволно само за ублажување на поразот (74:64).
-
Македонијапред 22 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 21 час
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 13 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 15 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Шпанијапред 24 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)