Македонија
Пелистер го „украде“ главниот плејмејкер на ТФТ
Македонскиот вицешампион Пелистер доведе уште едно ново име за престојнава сезона и тоа засилување од редовите на ТФТ Скопје.
Клубот од Битола успеа да го „украде“ американскиот плејмејкер Донован Доналдсон кој за клубот од Тафталиџе одигра само два натпревари. Првиот беше во квалификациите за Лигата на шампионите против Кемниц каде за 36 минути даде само 7 поени со 4 асистенции и 4 загубени топки, додека пред неколку дена уфрли 12 кошеви и 2 асистенции против МЗТ во Супер Купот на Македонија.
На Доналдсон ова ќе му биде трет тим во Македонија со оглед на тоа што претходно беше дел од Гостивар.
Пелистер направи многу измени во играчкиот ростер за кампањата 2022/2023 каде како новајлии се уште Хаџифејзовиќ, Мустафица, Сапунџиев, Јовановски, Ристовски, Двојаковски, Карутерс и Овенс.
-
Светски првенства7 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија19 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства21 час
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија14 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија20 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија20 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Шпанија18 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси
-
Репрезентација21 час
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!