Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го „скрши“ Бутел во второто полувреме, Охрид го доби дербито со Тиквеш

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Ракометарите на Еурофарм Пелистер остварија тешка победа над Бутел од 32-30 во средбата од 12. коло од групата Б во Суперлигата.

Актуелниот првак имаше проблеми во првото полувреме кое заврши со резултат 13:13. односно по паузата мораше да се потруди, испоти и дојде до посакуваниот резултат.

Најпрецизен кај победникот беше Петровиќ со 8 голови, по 5 реализации имаа Ѓорговски и Пешевски. Кај домашната екипа Николов исто така постигна 8 голови.

Охрид пак го доби дербито со Тиквеш со 36-31 и се врати во игра за второто место во групата А. Охриѓани беа подобри од противникот во двете полувремиња, а со овој триумф дојдоа и до подобар учинок во меѓусебните дуели.

Цирар со девет гола беше најефикасен, додека Стефановиќ се истакна со седум реализации.

На другите средби Прилеп-Мулти Есенс 34:31 и Пролет-Голден Арт 24:24.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни