Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер го разби Младост во првиот меч на турнирот во Бања Лука

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер со убедлива победа над Младост од 99-83 го започнаа настапот на четвртиот турнир во оваа сезона во АБА2 лигата.

Со ова македонскиот претставник ја прекина лошата резултатска серија во ова натпреварување и најави борба за фаќање на последниот воз за заврпницата на ова натпреварувње. Пелистер беше извонреден во првото полувреме кое го реализираше со 55-36, па потоа немаше проблеми истото да го сочува за втора радост во осмиот натпревар во АБА2 лигата.

Кесар со 36 поени и 10 скокови беше играч број еден, додека кај поразените Бојиќ беше автор на 32 кошеви и 12 скокови.

Битолчани во следната рунда ќе се соочат со Рогашка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни