Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го преживеа лудиот финиш против Кожув и стигна до седма победа во Гевгелија

Објавено

на

blank

Пелистер остана стопроцентен во домашниот шампионат и по одиграниот седми натпревар во Првата лига, па дури и во ситуација кога се чинеше дека се наоѓа пред пораз во моментите кога Кожув направи пресврт во самата завршница.

Тимот од Гевгелија цел натпревар беше во подредена улога, имаше и двоцифрена негатива на семафорот, но во минутите и секундите кога се кршеше мечот, стигна до позитива од четири поени, која сепак не успеа да ја задржи до самиот крај. Пелистер израмни на 76:76 и двата тима пропуштија шанси да стигна до победа, но откако не го направија тоа, мечот отиде во продолжение.

Во дополнителните пет минути игра, гостите од Битола го „затворија“ својот рекет и дури во три минути не му дозволија на домаќинот да реализира поени, па на крајот фантастичната поставеност во одбрана и брзото движење се покажа како клучно за нови бодови.

Пелистер го доби продолжението со 16:11 и стигна до конечен триумф од 83:88, стигнувајќи до максимална седма победа во шампионатот на исто толку одиграни натпревари.

Иван Кесар со 24 поени беше најзаслужен што Пелистер остана непроазен и лидер на табелата во Првата лига, а воедно мечот го заврши со дабл-дабл учинок бидејќи имаше и точно 10 скокови. Чаз Вилијамс со 16 поени беше вториот најефикасен играч на Пелистер, додека во противничкиот табор се исткана Силаџи со 27 поени, кој всушност и беше најдобар поентер на паркетот.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни