Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер го претрпе првиот пораз во АБА2 лигата

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер го доживеаа првиот пораз во новата сезона во АБА2 лигата и тоа во пресметката со Широк Бријег.

Нашиот претставник загуби со 83-73 и тоа откако послабо го одигра второто полувреме. Избраниците на Илиевски со предност од 40-38 ги завршија првите 20 минути, но по паузата Широки беше подобар ривал на паркетот и успеа да дојде до прва радост во актуелнава кампања.

Хаџифеџовиќ со 20 и Мустафица со 16 поени беа најефикасни кај Пелистер, додека кај победникот се истакна Брзоја со 27 кошеви.

Во следното коло Пелистер ќе се соочи со Осијек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни