Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го победи најтрофејниот за осум од осум во шампионатот

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер и понатаму остануваат со максимален учинок во домашниот шампионат, односно и по битката со најтрофејниот македонски клуб Работнички кој оваа вечер го совладаа со 88-84.

Составот од Битола доби силен отпор од избраниците на Тони Симиќ, меѓутоа успеа да го потврди статусот на фаворит и да дојде до осмиот триумф во осмиот натпревар. Домашниот тим се избори за позитива од 12 разлика по првото полувреме по што во второто дел ги издржа сите напади на противникот, констатниот притисок кој го правеше гостинот од Скопје.

Кесар со 19 и Малешевиќ со 15 кошеви беа најефикасни кај Пелистер, залудни за центарци пак беа 28 поени на Пол.

На другите две средби Еуро Никел го доби Куманово со 87-69, а пак ФМП Академија славеше над Ангели со резултат 89-70.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни