Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го освои Охрид, Пролет сигурен против Струга

Објавено

на

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не дозволија изненадување и славеа над ГРК Охрид со 24-20 во седмото коло во Супер лигата.

Домаќините се бореа и му дадоа отпор на фаворитот, меѓутоа сепак разликата во квалитет е очигледна и избраниците на Бабиќ дојдоа до посакуваната цел со две полувремиња во кои беа подобри од противникот за по два гола (9-11, 11-13).

Периќ со 7 погодоци беше водечки стрелец кај Пелистер, Тот пак со 6 беше најдобар кај поразените.

Тинекс Пролет рутиски ја реалиираше пресметката со Струга со 27-21. Најрасположен за игра беше крилото Палевски со 11 гола, 5 пак додаде искусниот Пејовиќ.

Пролер со овој триумф се врати на третата позиција зад водечките Вардар и Еурофарм Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни