Македонија
Пелистер го одбрани домашниот терен и му го нанесе вториот пораз на лидерот ТФТ
Пелистер влезе во посакуван ритам во домашното првенство во месец декември, а очигледно најдоброто го сочува за крајот на 2024-та година која полека изминува.
Во дуелот на двата тима кои имаат шампионски аспирации, Пелистер на домашен терен му нанесе пораз на ТФТ и фати приклучок за врвот на табелата, бидејќи предноста на актуелниот лидер сега изнесува само еден бод.
ТФТ замина во Битола со цел да ја продолжи импресивната победничка серија, но наместо тоа, го претрпе вториот сезонски пораз, прв на гостински терен.
„Зелено-белите“ одиграа одлично во текот на целиот меч и беа речиси во секој момент чекор пред противникот, па откако стекнаа двоцифрена предност во третата четвртина, стана јасно дека победата останува во Битола.
Пелистер имаше и плус 18 во воведните минути од последната четвртина, па иако ТФТ се закани и дојде до само „минус 3“ (83:80), сепак немаше сили за целосно враќање и како клучна се покажа завршната серија на домаќинот.
На крајот, битолчани го одбранија домашниот терен со победа од 91:82, па сега се второпласирани на табелата со еден бод помалку од денешниот противник.
-
Италија21 час
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија16 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија20 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија19 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Балкан18 часа
Барди „раскинал“ со Трабзонспор, може да се врати во Шпанија