Македонија
Пелистер го објави името на новиот тренер, Шундовски ќе биде тим менаџер

Екипата на Еурофарм Пелистер пред неколку дена реши да се раздели со данскиот стратег Ларс Валтер и притоа најави дека оваа седмица ќе го објави името на новиот тренер.
Тоа што беше ветено е реализирано, па така актуелниот македонски вицешампион соопшти дека нов предводник на тимот ќе биде Александар Јовиќ. Јовиќ неколку години извонредно работеше во вториот тим на Еурофарм Пелистер и дефинитивно ја заслужи оваа шанса да покаже што знае и умее на повисоко ниво, поточно со првата екипа.
Јовиќ долго време е во ракометот, своевремено играше за нашите најдобри тимови, а како тренер се градеше во Автокоманда, му беше соработник на Лино Червер, го водеше првиот и вториот тим на Металург, а седеше и на селекторската клупа во младинските репрезентативни категории.
„Фармацевтите“ воедно известија дека поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски е именуван за нов тим-менаџер на екипата.
-
Балканпред 6 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Три меча ќе ја одредат судбината на Анчелоти во Реал
-
Репрезентацијапред 23 часа
Непосакувана вест: Милевски остана без една опција пред мечот со Малта (Фото)
-
Балканпред 13 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Жорди Алба откри што купил со првиот милион кој го заработил
-
Светпред 18 часа
Талентираната Младеновска договори трансфер во Брест Бретањ
-
Англијапред 22 часа
Шпанската ѕвезда на Сити: Освојувањето на Премиер лигата е како да сте освоиле Лига на шампиони!
-
Лига на шампионипред 18 часа
Лам: Меси беше беспомошен и очаен, ПСЖ…