Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го обезбеди првото место во главната фаза, Гостивар подобар од ТФТ

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер го победија Работнички со убедливи 94:77 и на тој начин си го потврдија првото место во првата фаза, односно во пресрет на плејофот и борбата за титулата во македонското првенство.

Денеска, домаќините направија солидна предност уште на полувреме, а продолжија во сличен стил и во следните дваесет минути, заслужен доаѓајќи до триумфот против скопскиот ривал.

Малешевиќ со 21 и Стајиќ со 19 поени биле најефикасни во редовите на Пелистер, додека Торнтон со 21 поен бил најдобар реализатор во редовите на Работнички.

Гостивар мораше да игра продолжение, но на крајот го победи ТФТ со 115:109 за петто место на табелата во првата лига.

Домаќините беа подобри во дополнителните пет минути, а најефикасни биле Тодоровиќ со 28 и Костоски со 27 поени. Херис со 26 поени го предводел ТФТ на ова гостување, но скопскиот тим забележа нов пораз во серија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни