Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го обезбеди потписот на големиот борец Младеновиќ

Објавено

на

Екипата на Пелистер не успеа во оваа сезона да освои ниту една титула во домашната кошарка, но клубот од Битола и во наредната сезона се очекува да има високи амбиции и веќе почна да повлекува конкретни потези.

Имено нов член на Пелистер е големиот борец Марјан Младеновиќ. Тој во новата средина доаѓа од Работнички каде не се изнаигра и воглавно беше резервна опција на тренерот Димитар Мираковски.

Во Пелистер ќе има можност одново да биде заедно со стратегот Марјан Илиевски со кого имаше извонредна соработка во Блокотехна.

Во досегашната кариера Младеновиќ има настапувано за доста клубови на домашната сцена, па неговиот искуство и знаење дефинитивно ќе му биде од огромна помаш на составот од Битола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни