Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер го надигра Спарс за одлично затворање на АБА2 лигата

Објавено

на

Пелистер и дефинитивно го избегна дното во регионалната АБА 2 лига, а денеска го подобри својот учинок со победа над фаворизираниот Спарс Сараево.

На турнирот кој се одржува во Широки Бријег, кошарките од Битола остварија голема победа од 97:90 и покажаа дека можат да се носат со доста посилни тимови кога се инспирирани и расположени за игра, па така го запишаа четвртиот триумф во 13-то коло.

Кесар со 24 поени беше лидер, следен беше од Малешевиќ кој уфрли еден помалку, додека кај поразените најдобар беше Абел со 28 поени, со кои беше и најефикасен на паркетот.

Со оваа победа, Пелистер го заокружи своето прво учество во АБА 2 лигата, а тоа што победи тим кој оди во наредната фаза е добар потстрек за „зелените“ за тоа што следи.

Битолчани сега ќе се фокусираат на македонската кошаркарска лига, во која следен предизвик е тимот на Ангели, натпревар кој се игра за четири дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни