Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го надигра Еуро Никел со „стотка“ во Битола

Објавено

на

На првиот натпревар во неделната програма, Пелистер ја оправда фаворитската улога на домашен терен и го надигра Еуро Никел, или поточно, ги испрати кавадарчани со „стотка“ назад во тиквешијата.

Битолскиот тим и натаму љубоморно го брани првото место во Суперлигата и со победата од 100:83 си го загарантира истото уште најмалку една рунда, пред се благодарение на добриот старт на мечот.

Пелистер го доби првиот период со 33:18 и дојде до двоцифрена предност, која само ја подобри до крајот на првото полувреме и најави дека бодовите остануваат во Битола.

Предноста од 57:36 на полувреме беше преголема за гостите од Кавадарци, кои во вториот дел успеаја само да се изборат за малку подостоен пораз од 100:83.

Кесар беше најдобар на паркетот и постигна 23 поени, следен од Пајиќ со 16 и Малешевиќ со 14 поени зад своето име. Кај гостите, Караколев и Димчевски постигнаа по 13 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни