Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го доби хаотичниот дуел со Гостивар кој заврши со игра „пет на пет“

Објавено

на

Пелистер излезе како победник на хаотичниот натпревар против Гостивар (84:89), кој траеше многу подолго од вообичаеното поради прекинот и празнењето на трибините.

Битолчани играа важен натпревар во битката за првото место на табелата во пресрет на плејофот, а против себе го имаа Гостивар со серија од три победи по ред.

Овој натпревар ќе се памети и поради инцидентите, бидејќи беше прекинат откако гостинскиот тренер Марјан Илиевски бил погоден со тврд предмет, потоа тој во нервоза ја скрши клупата за резерви, за да следува и фрлање предмети меѓу актерите на теренот и публиката.

По прекинот и празнењето на трибините, официјалните лица донесоа одлука натпреварот да продолжи само со петорките кои биле во игра кога се случил инцидентот, со што се казнети двете клупи кои влетале на теренот.

Победникот се решавал во последните минути, а Пелистер тогаш одиграл подобро за победа со резултат 89:84.

Малешевиќ со 20 и Младеновиќ со 16 поени биле најефикасни во победничката екипа, додека Тодоровиќ со 18 поени бил најдобар реализатор во редовите на Гостивар.

На вториот натпревар во Супер лигата, Еуро Никел го победи ТФТ со 73:75 во директен дуел на две екипи кои се борат за пласман во плејофот.

Самарџиски со 15 и Соколов со 13 поени ги предводеле стрелците кај Еуро Никел, додека во составот на ТФТ се истакнал Костоски со 25 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни