Македонија
Пелистер го декласираше Феникс во Битола

Составот на Пелистер ја остави на страна разочарувачката партија против МЗТ Скопје во дербито во Суперлигата и попладнево експресно им се врати на победите и тоа против Феникс 2010 кој настрада во Битола со 100-58.
Избраниците на Илиевски имаа контрола, доминација во играта од првата до четвртата четвртина која им овозможи триумф од дури 42 разлика. Прв стрелец беше Крстајиќ со 18 поени, Малешевиќ и Гуроски реализираа по 13, Стајиќ додаде 12, а Караџовски 11 кошеви.
Кај поразените Митревски и Димитриески постигнаа по 13, односно 12 поени.
Во оваа шеста рунда од Суперлигата ќе се соочат уште МЗТ Скопје-ТФТ и Гостивар-Еуро Никел.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Шпанијапред 5 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ