Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер ги официјализираше првите засилувања за новата сезона

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FC.PelisterBitola

Екипата на Пелистер во новата сезона ќе биде дел од Првата македонска лига што секако е поголем предизвик и потребни се одредени засилувања за да се остварат посакуваните цели.

Клубот од Битола ја информираше јавноста дека три имиња веќе се обезбедени за кампањата 2024/2025, а тоа се Виктор Серафимовски, Филип Тодороски и Дамјан Масевски.

Серафимовски е играч со огромно прволигашко искуство и во Битола доаѓа од Силекс. Тодороски пак во новата средина доаѓа од Воска Спорт и ќе биде опција за тренерот Костов на позицијата играчи за врска, додека пак Масевски е млад напаѓач со потенцијал, фудбалер кој досега беше дел од Охрид.

Тројцата во понеделник ќе се јават на прозивката и за првпат ќе тренираат со новите соиграчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни