Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер договори искусен американски плејмејкер

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски вицешампион, Пелистер договори искусно име на позицијата плејмејкер за вториот дел од актуелнава сезона.

Имено нов член на клубот од Битола е 32-годишниот Дејшон Најт, интернационалец од САД кој има настапувано во многу земји во досегашната кариера.

Последниот ангажман го имал во Широки Бријег од БиХ, претходно играл за клубови од Бугарија, Израел, Косово, Литванија, Црна Гора, Австралија, Катар, Швајцарија и Турција.

Само за потсетување пелистерци пред одредено време останаа без Малколм Бернард кој заврши во Домжале, па останува да се види дали Најт ќе успее соодветно да го пополни испразнетото место.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни