Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер доби лекција од Ловќен во дебито во АБА2 лигата

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер претрпеа убедлив пораз од Ловќен од 108-85 во првиот меч, дебито во АБА2 лигата.

Нашиот претставник не се снајде на денешниот натпревар на Златибор, одигра катастрофална одбрана и најдобар доказ за тоа се 108 примени кошеви од клубот од Црна Гора. Клубот од Битола уште по првите две четвртини имаше минус десет (52-42) за да во третиот период избраниците на тренерот Илиевски комплетно пропаднат (31-14) и му дозволат на Ловќен да направи предност од 27 разлика.

Со оглед на резултатот се беше јасно кога е во прашање победникот, па завршните десет минути беа формалност, па Пелистер намали дел од големата негатива.

Малешевиќ даде 21, Трајковски 20, додека Кесар застана на 17 кошеви. Кај победникот листата на стрелци ја предводеше Клеренс со 20 поени.

Пелистер во второто коло се среќава со Сутјеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни