СЕХА лига
Пелистер даде „гас“ во второто полувреме и дојде до првата победа во СЕХА лигата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер победнички го отворија настапот во новата сезона во СЕХА лигата.
Клубот од Битола оваа вечер во салата „Боро Чурлевски“ славеше над составот на Метолопластика со 30-26. „Фармацевтите“ на хартија важеа за огромни фаворити, но за да дојдат до триумфот мораа добро да се испотат за да го скршат противникот од Србија.
Гостите го добија првиот дел со 14-12, а тоа беше знак дека избраниците на Бабиќ мора да додадат гас ако сакаат да дојдат до посакуваниот резултат. Тоа и се случи, па така во 43 минута Пелистер дојде до позитива од два гола (24-22) по што домаќинте не го испуштија водството, го контролираа резултатот за конечни на крајот плус четири.
Периќ со 8 гола беше најрасположен за игра, Мандалиниќ пак додаде 6 погодоци, ама со слаба реализација со оглед на тоа што му беа потребни 12 обиди.
На спротивната страна Бабиќ беше автот на 7 погодоци.

- Англијапред 14 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 10 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Шпанијапред 24 часа
Играчот за врска на Севилја ја презентираше најпродуктивната техника за справување со Меси (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Искусниот стопер на Валенсија се расплака откако го прашаа какви чувства буди борбата за опстанок (Видео)
- Италијапред 9 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 14 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 12 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 23 часа
Одбрана на сезоната во Премиер лигата: Дубравка со вонсериски рефлекс во 92. минута го спаси Њукасл (Видео)