Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер броеше до 45 против „фенерџијата“ во Суперлигата

Објавено

на

Составот на Еурофарм Пелистер за кратко време одигра два натпревари, па така откако вчера загуби од Веспрем во Лигата на шампионите вечерва лесно се справи со Радовиш во Суперлигата.

Актуелниот шампион немаше никакви проблеми против „фенерџијата“ во домашниот шампионат и славеше со 45:23. „Зелено-белите“ доминираа во двата „периоди“, првиот го решија со 21:11, вториот со 24:12.

Прв стрелец беше крилото Кузмановски со осум реализации, Трајанов за поразените даде шест голови.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни